Балкан
21. April 2019 - 9:43

Во Бугарија разбиена криминална група за шверц на луѓе

Бугарската полиција во селото Дреновец во северозападниот дел на земјата разби криминална група што се занимавала со криумчарење луѓе, перење пари и организирано питање.

Како што соопшти заменикот јавен обвинител на Бугарија, Иван Гешев, при полициската акција се приведени девет лица, бугарски државјани со ромско етничко потекло.

Според Гешев, групата првенствено дејствувала во Шведска, каде носела луѓе за питање, а постојат сомнежи и дека уапсените се занимавале и со рекетарство.