Во Бугарија од денеска почнува регистрацијата за парламентарните избори на 11 јули
Во Бугарија денеска почнува регистрацијата на партиите и коалициите во Централната изборна комисија за учество на предвремените парламентарни избори, закажани за 11 јули.
Дописникот на МИА од Софија јавува дека за учество на изборите се потребни најмалку 2.500 потписи, кои сега можат да бидат во електронска форма, како и депозит од 2.500 лева (1.250 евра). Крајниот рок за доставување на документи е 26 мај.
Ова ќе бидат првите избори во Бугарија на кои гласањето ќе биде целосно машинско и со рекорден број избирачки места во странство.
Дописникот на МИА од Софија потсетува дека на последните парламентарни избори во Бугарија, што се оддржаа на 4 април, учествуваа 31 партија и осум коалиции.
Лидерите на левите и левоцентристичките партии почнаа преговори за формирање голема коалиција околу Бугарската социјалистичка партија на Корнелија Нинова. Оваа идна коалиција ќе ги вклучува „Движењето 21“ на Татјана Дончева, како и проруската партија АБВ на поранешниот министер за внатрешни работи Румен Петков и претседателот на Бугарија во перидот 2002 – 2012, Георги Парванов.
Кристијан Вигенин, кој ќе го предводи изборниот штаб на БСП, коментира дека партијата не треба да биде отпишана како победник.
Влегувањето на Татјана Дончева во големата коалиција од левиот центар ќе доведе до промена во коалицијата „Стани. Излези“ на поранешната народна правобранителка, Маја Манолова.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор