Во буџетот во јануари прибрани 13,3 милијарди денари
Во првиот месец од годината се прибрани во државната каса 13.328 милиони денари или 6,89 проценти од вкупниот буџет за годината, додека расходите се реализирани со 6,56 проценти или 13.891 милион денари. Во однос на претходната година има поголема наплата. Во првиот месец од јануари 2017 година вкупните приходи изнесувале 12.584 милиони денари,
Според објавените податоци на Министерството за финансии даночните приходи и придонеси во првиот месец изнесуваат 12.029 милиони денари или 7,07 проценти. Од персонален данок на доход прибрани се 1.032 милиони денари, од данок на добивка 646 милиони денари, од акцизи 1.819 милиони денари и од увозни давачки 445 милиони денари.
Приходите од данокот на додадена вредност изнесуваат во првиот месец од годинава 6.039 милиони денари, а државата во јануари направила поврат на ДДВ во износ од скоро две милијарди денари. Според објавената табела ДДВ нето износот е 4.093 милиони денари.
Приходите од придонесите во јануари 2018 година изнесувале 3.,832 милиони денари, а од административни такси и глоби 140 милиони денари.
На расходната страна на Буџетот за 2018 година за плати и надоместоци се потрошени 2.157 милиони денари, за стоки и услуги 671 милион денари, а капиталните расходи 242 милиони денари или еден отсто од планираните во 2018 година.
Дефицитот е реализиран со 3,09 проценти. Странските заеми во првиот месец изнесувале 30.292 милиони денари, додека отплатата за надворешен долг изнесува 12.241 милион денари, а домашниот долг 2.960 милиони денари.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово