Бизнис
1. September 2020 - 9:08

Во Буџетот префрлени 30 милиони денари од Агенцијата за управување со одземен имот

Агенцијата за управување со одземен имот од остварени продажби и наплата на имотна корист во државниот буџет префрли 30 милиони денари.

-Агенцијата за управување со одземен имот со сите расположливи капацитети во текот на годинава до август, активно спроведе продажби од кои е оставарен приход во износ од 16 милиони денари, а вкупно 14 милиони денари се наплатени од нелегално стекнатите средства, што резултураше со прилив на парични средства во Буџетот на РСМ каде се уплатени вкупно 30 милиони денари, велат од Агенцијата.

Главен акцент и приоритет во 2020 година, додаваат, ни беше интензивирање на продажбата на правосилно одземените предмети, континуирана наплата на нелегално стекнатата имотна корист и конфискација.