Свет
29. September 2016 - 11:42

Во Будимпешта пронајдена бомба од Втората светска војна, евакуирани 500 куќи

Во една куќа во северниот дел на Будимпешта денеска е пронајдена советска бомба заостаната од Втората светска војна, со вкупна тежина од 65 килограми, изјави портпаролката на војската, која додаде дека во тек е евакуација на таа област.

Авионската бомба ФАБ 50, која содржи 25 килограми експлозив, откриена е за време на реконструкцијата на една станбена куќа. 

Полицијата ја блокираше областа, во која се наоѓаат околу 500 куќи и една здравствена институција, кои се евакуирани.

Експертите за деактивирање на експлозивните направи се наоѓаат на лице место.