Македонија
29. July 2016 - 16:19

Во Брзил ќе се патува без визи -Безвизниот режим од 27 август

Македонија и Бразил воведоа безвизен режим. Од 27 август во оваа Јужноамериканска земја ќе може да се патува без визи.

Безмалку 3 месеци по отворањето на Македонската Амбасада во Бразилија, Амбасадорот Ивица Боцевски денес ги размени нотите со бразилското МВР со кој стапува на сила безвизниот режим.

Боцевски вели дека е разбриливо што безвизниот режим стапува на сила по Олимпијадата, затоа што тогаш безбедносните служби на бразил многу строго ќе го контролираат влезот во државата. Безвизниот режим за Бразил ќе биде ист како и со сите други земји за каде не е потребна виза, само со својот пасош граѓаните ќе може да остануваат до 3 месеци во земјата. Ова ќе отвори и нови бизнис можности.

Амбасадорот додава дека тој веќе ги обиколува бизнис коморите во Бразил за можни инвестиции. Во исто време, напорно работи на тоа Македоонија да постигне договор за безвизен режим со сите земји од Јужна Америка.