Loading Video...
Свет
11. February 2021 - 12:27

Во Британија се појавил нов „супер сој“ на Ковид-19, тврди хрватски научник

Во Британија се појавил нов Супер сој на Kовид-19, тврди хрватскиот научник Кристијан Рамадан, кој е професор по молекуларна медицина на Универзитетот во Оксфорд.

„Овој британски вид е нов супер - сој на британската варијанта со јужноафриканска мутација, и според првичните проценки би можел да избегне имунолошки одговор“, вели Рамадан.

Дали новиот вирус ќе резултира со трет бран на епидемијата, Рамадан вели дека тоа ќе зависи од ограничувачките мерки кои ќе ги воведат земјите.

Масовната вакцинација што ја спроведува Израел веќе ги дава и првите резултати, кои и те како ветуваат успешно сузбивање на пандемијата. 

Откако повеќе од половина од Израелците предвидени за вакцинирање, околу 3,5 милиони, веќе примиле една или две дози истражувањата покажуваат дека кај лицата над 60 години бројот на нови случаи на зараза се намалил за 53%, бројот на хоспитализации за 39%. Израелската програма на вакцинирање почна на 19 декември и се верува дека повеќе од 75% лица над 60 години досега ја примиле првата доза, како и 25% од помладата група, од 40 до 60 години.

Во регионов Албанија и Грција нагло ги заоструваат мерките за спречување на ширењето на вируост. Властите во Тирана денеска го продолжија полицискиот час, откако бројот на новозарезни на дневно ниво веќе подолг период е над 1000. Одлучено е ограниченото движење  да трае до 25 овој месец. 

Денеска во Атина се воведува 17-дневен строг карантин. Бизнисите и услугите што претходно беа отворени од денеска се целосно затворени а учениците, како од основните, така и од средните училишта се враќаат на онлајн настава, а затворени ќе бидат и градинките.