Во Брисел средба Коѕиас-Нимиц
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска во Брисел ќе се сретне со медијаторот Метју Нимиц.
- Целта на средбата, која следи по посетата на Нимиц на Македонија во почетокот на јули, е да се дискутира за пронаоѓање можност за напредок во преговорите за спорот за името, изјави Стефан Дужарик, портпарол на генералниот секретар на Обединетите нации.
Коѕиас во интервју пред неколку дена за грчката телевизија Антена не одговори на новинарско прашање кои се црвените линии на грчката Влада во спорот за името.
- Во понеделник ќе одам на преговори и би било голема грешка од моја страна да се произнесам на еден јавен настап неколку дена претходно, рече тогаш шефот на грчката дипломатија.
Инаку Коѕиас денеска во Брисел учествува на Советот за надворешни работи на Европската унија.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата