Свет
21. јуни 2016 - 9:46

Во Брисел спречен бомбашки напад

Еден маж е уапсен во центарот на Брисел откако, според белгиските медиуми, тој имал појас со експлозив. Поради тоа евакуиран е трговсакиот центар „Сити 2“. 

Откако е пријавено дека во трговскиот центар е поставена бомба, полицијата го блокирала цел регион, како и обиколните булевари и метро станицата „Рожије“. 

Белгискиот премиер Шарл Мишел го прекина интервјуто во живо за телевизијата РТЛ поради, како што изјави,  „многу сериозната ситуацијата“  и свика вонредна седница на Кризниот центар, која е во тек.