Во бомбашки напад во Авганистан најмалку 32 мртви
Во експлозија на бомба поставен покрај пат, денеска загинаа 32 лица кои се наоѓале во автобус, во авганистанската област Фарах, во западниот дел на земјата.
Полицијата соопшти дека меѓу мртвите има деца, и дека во нападот се повредени 15 лица. Автобусот сообраќал на линијата од Херат до Кандахар. На тоа подрачје, талибанците често поставуваат бомби на патот, а цел им се владините сили.
Но цивилите во Авганистан честопати се жртва не само на талибанците. Мисијата на ОН во земјата вчера соопшти дека во таа држава повеќе цивили загинале од авганистанските и меѓународните сили отколку од талибанците и други милитантни групи во првата половина на 2019 година.
Конфликтот во Авганистан предизвика 3.812 цивилни жртви – вклучувајќи 1.366 смртни случаи во првите шест месеци од годината, се вели во извештајот на Мисијата на ОН за помош во Авганистан. Вкупно 38 отсто од жртвите во периодот јануари-јуни 2019 година биле предизвикани од Талибанците. Сепак, повеќето од жртвите им се припишуваат на другите страни, вклучително и меѓународната коалиција предводена од САД.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка