Свет
6. August 2020 - 9:43

Во Боливија училиштата остануваат затворени до крајот на годината

Властите на Боливија одлучија дека учениците нема да одат на училиште до крајот на 2020 година поради пандемијата на новиот корона вирус.

Околу два милиони ученици нема да посетуваат часови ниту преку интернет, јави Си-Ен-Ен.

Боливискиот министер за образование Јерко Њуњез рече дека огромно мнозинство рурални жители немаат пристап до интернет.

– Децата немаат интернет. За жал, оптичкиот кабел е спроведен само во урбани области“, изјави тој.

Според УНИЦЕФ, само 40 проценти од учениците во Боливија имаат можност да следат онлајн настава.