Свет
7. November 2019 - 15:03

Во близина на Канарските Острови пронајдени уште три тела на загинати мигранти

Властите на Канарските Острови соопштија денеска дека пронашле тела на уште тројца мигранти, со што бројот на загинати додека се обидувале да стигнат до копно се зголеми на осум.

Шпански медиуми јавија дека три тела биле пронајдени во близина на Ланзароте, еден од седумте Канарски Острови.

Акцијата за спасување продолжува заради потрагата по најмалку уште три мигранти.

Властите соопштија дека мигрантски брод се превртел во близина на Ланзароте, рано вчера.

Четири мигранти веднаш биле згрижени од екипи на брза помош и биле пронајдени пет мртви тела.