Македонија
14. September 2019 - 18:10

Во близина на граничниот премин „Табановце“ во возило пронајдени 16 мигранти

 
Во близина на граничниот премин „Табановце“ во патничко возило„ порше“ биле пронајдени 16 мигранти.

-Вчера околу 05.00 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „порше“ и на патничко возило „ауди А8“, но возилата не застанале.

Набргу возилото „порше“ застанало и при негова проверка биле пронајдени 16 мигранти (две малолетни лица), од кои пет од Пакистан, шест од Еритреја и пет од Непал, сите без документи за идентификација- соопштубваат од мвр.

Мигрантите и возилото биле предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.