Балкан
6. July 2017 - 9:16

Во близина на древната Олимпија изби шумски пожар

На само два километра од древната Олимпија изби шумски пожар, од што сега постои ризик да биде зафатен поголем дел од регионот, соопштија грчките вчасти. 

Грчката министерка за култура и спорт, Лидија Кониорду, изјави дека грчките пожарникари успеале да го изгаснат огнот до реката Алфеј, јужно од Олимпија, пред ветрот да ја смени насоката и пламените јазици да ги насочи во друг правец. 

Во борбата со огнената стихија на полуостровот Пелопонез учествуваат десетици пожарникари и доброволци, како и два авиони- канадера.