Во близина на Драч уловена ајкула тешка 450 килограми
Присуството на ајкули во албанските морски територијални води станува нормална појава. Во период од една недела во мрежите на албанските рибари од пристанишнот град Драч, уловена е уште една ајкула од видот „тигар“.
Рибарите се дел од екипажот на рибарскиот брод „Челепиа“, од каде потврдуваат дека ајкулата е уловена на длабочина од 130 метри, долга е 4,5 метри, а тешка околу 450 килограми.
„Чудовиште“ од истиот вид, со тежина од 500 килограми, пред една недела беше уловено во мрежите на рибарите од бродот „Медуза“ од Драч, на длабочина од 170 метри.
Во Јадранско и Јонско Море, од страна на албанските рибари, последните години уловени се повеќе од дваесет ајкули, сите на оддалеченост од неколку милји од морскиот брег.
Ајкулите се со тежина од 100 до 500 клограми, а нивното месо завршува во угостителските објекти.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје