Во Битола шест кандидати за иден градоначалник
На претстојните локални избори шест кандидати конкурираат за иден градоначалник на Општина Битола, а за членување во Советот на Општина Битола пријавени се 14 советнички листи.
До општинската изборна комисија пријавени се кандидатурите на Зоран Лазаревски-Паљо предложен од група избирачи, Христо Кондовски предложен од СДСМ и коалицијата, Тони Коњановски предложен од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Јорго Огненовски од партијата Демократи, Горан Тасковски од партијата „Македонска ера трета“ и лидерот на ЛДП Горан Милевски предложен од коалицијата на ЛДП и ДОМ – „Движење одлучно за промени“.
За членови на новиот состав на Советот на Општина Битола каде место има за 31 советник, пријавени се 14 кандидатски листи на политички партии и листи поддржани од група избирачи.
Во ОИК-Битола евидентирани се кандидатурите на советничките листи предводени од Ремзи Медик поддржан група избирачи, Ристенка Алтипармаковска поддржана од група избирачи и Габриела Илиевска носител на листа поддржана од група избирачи.
Листи со кандидати за советници во Советот на Општина Битола ноќеска до полноќ доставиле и политичките партии ДУИ, Алијанса на Албанците/Алтернатива, Левица, Македонска ера трета, Демократи, Единствена Македонија, Интегра, ТМРО, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, СДСМ и коалицијата и коалицијата на политичките партии ЛДП и ДОМ.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња