Во Битола се одржа обука за младински работници
Во Битола заврши првиот дел од обуката за младински работници „Методологија на младинската работа: врсничка едукација“.
Обуката беше одржана во рамки на проектот „Обединети младински работници“, а ја организираа Младинскиот културен центар – Битола и партнерските организации Креактив – Скопје, Младинската мрежа на Југоисточна Европа и Националната асоцијација на младински работници од Србија.
- Целта на обуката беше да се изврши подготовка и поддршка на младински работници, почетници за директна работа со млади, и притоа 20 млади врснички едукатори до крајот на април 2017 ќе бидат оспособени за подготовка, спроведување, следење и проценка на врсничка едукација.Станува збор за тренинг модул кој што е дел од нацрт програмата за едукација на младински работници на Сојузот за младинска работа, која пак се подготвува на партиципативен начин со широко учество на сите засегнати страни и се планира да биде акредитирана од страна на државата, информираа од МКЦ-Битола.
Проектот е поддржан од Европската Унија во рамки на програмата IPA TAIB 2011 „Понатамошно јакнење и финансиска одржливост на граѓанското општество“.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори