Македонија
21. October 2019 - 8:22

Во Битола почнува „Недела на иранскиот филм“

НУ Центар за култура-Битола во соработка со амбасадата на Исламска Република Иран, од денес до 27 октомври организира „Недела на иранскиот филм“.

Манифестацијата ќе почне со проекција на филмот „Коцка шеќер“, а на свеченото отворање ќе присуствува амбасадорот на Иран, Хосеин Карими.

-Неделата на ирански филм се организира за прв пат во Битола. Проекциите ќе се реализираат во малата сала каде освен филмот на отворање, ќе бидат емитувани и филмовите „Не се срами“, „Децата на рајот“, „Кафе транзит“, „Денеска“, „Базен за цртање“ и „Каде е куќата на пријателот“, информираат од НУ Центар за култура-Битола.

Влезот за секоја филмска програма е бесплатен.