Македонија
12. April 2020 - 15:19

Во Битола почина едномесечно бебе

Вчера напладне околу 14:00 часот во Битолската полиција е пријавено дека во дом на улицата „Кленовец“ во Битола починало едномесечно бебе.

Била повикана и итната медицнска помош од каде лекарот веднаш констатирал смрт.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Битола, информираат од полицијата.