Македонија
19. February 2019 - 8:46

Во Битола отворена канцеларија на советничката група „Поинаку“

 Членовите во Советот на општина Битола од советничката група „Поинаку“, синоќа во централното градско подрачје, отворија канцеларија за средби и комуникација со граѓаните.

Советниците Габриела Илиевска и Иван Чулаковски, изјавија дека канцеларијата ќе биде отворена за сите граѓани чии мислења и предлози ќе бидат презентирани во локалните институции.

-Граѓаните треба да имаат информации за случувањата во Советот на општина Битола, во локалната самоуправа, јавните претпријатија, училиштата и останатите институции кои се во надлежност на општината. Ние како избрани советници, ќе бидеме достапни за нивните идеи, предлози или проблеми без разлика на нивната политичка или било каква друга припадност. Во отворената  канцеларија ќе зборуваме за решенија, за подобрување на условите за живот на битолчани, рекоа синоќа, Илиевска и Чулаковски на промотивниот настан во Битола.