Во Битола отворена канцеларија на советничката група „Поинаку“
Членовите во Советот на општина Битола од советничката група „Поинаку“, синоќа во централното градско подрачје, отворија канцеларија за средби и комуникација со граѓаните.
Советниците Габриела Илиевска и Иван Чулаковски, изјавија дека канцеларијата ќе биде отворена за сите граѓани чии мислења и предлози ќе бидат презентирани во локалните институции.
-Граѓаните треба да имаат информации за случувањата во Советот на општина Битола, во локалната самоуправа, јавните претпријатија, училиштата и останатите институции кои се во надлежност на општината. Ние како избрани советници, ќе бидеме достапни за нивните идеи, предлози или проблеми без разлика на нивната политичка или било каква друга припадност. Во отворената канцеларија ќе зборуваме за решенија, за подобрување на условите за живот на битолчани, рекоа синоќа, Илиевска и Чулаковски на промотивниот настан во Битола.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо