Во Битола одбележана 73 годишнината од Холокаустот на македонските Евреи
Претставници на национални и локални институции, здруженија на граѓани, волонтери од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, гости од САД, Германија и Израел, денеска во Битола ја одбележаа 73 годишнината од Холокаустот на македонските Евреи.
На денот на депортацијата на Еврејската заедница од Битола, во „Меморијалниот парк на Евреите од Монастир/Битола“ беше отворена скулторска инсталација од уметникот Мати Грунберг, а магнолија во знак на сеќавање на жртвите на Холокаустот засади Ханс Јоаким Шолц, претставник на Регионалната Протестантска црква од Баден, Германија воедно и прв донатор во Меморијалниот парк.
На комеморацијата во Битола, министерот без ресор во Владата на Република Македонија Џери Наумоф истакна дека Еврејската историја на Битола треба да биде секому кажана и потсети на неговите досегашни напори врзани со привлекувањето на странски инвестиции во овој град.
- Битола е едно од најважните места во македонската историја и култура. Еврејската историја на Битола треба да биде кажана затоа што Ерејската заедница на Битола беше суштински дел од нејзиното милје и култура. Како министер се обидов да дадам скромен придонес во економскиот развој на Битола и во последниов период успеав да донесам 7 инвестиции, а работам и на идни инвестиции, посебно со компании од Израел, рече меѓудругото министерот Наумоф.
На комеморативните настани во Битола учествуваа и градоначалникот Владимир Талески, израелскиот амбасадор Дан Оријан, а програмските активности ги креираше битолското здружение АРХАМ кои освен што се иницијатори за изградба на Меморијален парк, денеска организираа предавање од професорот Јицчак Керем кој истражува и пишува за партизаните Евреи од Битола, а вечер во битолската „Магаза“ ќе биде отворена патувачката изложба „Ана Франк – Лекции за сегашноста“.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење