Во Битола научна конференција за современите менаџерски предизвици
БАС Институт за менаџмент-Битола, со поддршка на Министерството за образование и наука, сектор за високо образование и општина Битола, утре и в сабота ќе биде домаќин и организатор на 5. Меѓународна научна конференција „Современите менаџерски предизвици и организациските науки“.
Фокус на конференцијата се иновациите и организацискиот развој за што веќе се регистрирани 67 научни трудови, посочи проф. д-р Цветко Смилевски, претседател на програмскиот одбор.
-Продолжуваме со традицијата на БАС, во повеќе димензии да се поврзува креирањето и примената на знаењето во областа на менаџментот. Изборот на фокусот на оваа конференција не е случаен, и е континуитет на макро проектот ВИКО, односно влијанието на иновациите врз конкурентноста на организациите, и покрај емпирискиот дел на истражувањата, сакавме пошироко да согледаме што се случува со иновациите во овој дел на Европа, и тие две димензии ќе бидат составен дел на извештајот што ќе биде доставен до сите научни и практични носители на активности за конкурентноста на организациите како клучен фактор за благосостојбата на државата, но и за организациите и нивната одржливост на подолг временски период, истакна Смилевски.
За време на дводневната научна конференција ќе се одржат и предконференциски активности, обучувачки работилници за „Тимски дизајн и посакувана иднина“ и „Иновации, креативност и бизнис во управувањето со опасниот отпад во сенка на еколошкиот печат“, најави проф. д-р Тони Соклевски, директор на БАС Институт за менаџмент-Битола, а во рамки на академскиот настан ќе бидат промовирани и книгите „Маркетинг“ од авторите д-р Маја Кочовска и д-р Дијана Ивановска-Пржо и Водич за стратегиско планирање од авторот проф д-р Лидија Стефановска, воедно претседател на организацискиот одбор на 5. Меѓународна научна конференција посветена на современите менаџерски предизвици и организациските науки.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс