Во Битола инфо-сесија за проектни предлози за програмата ИПА
Министерството за локална самоуправа преку тим од оперативнтаа структура на ИПА програмата за прекугранична соработка на Република Македонија – Албанија 2014-2020 и Делегацијата на Европската унија, денеска во општина Битола, организираа информативна сесија за потенцијалните апликанти кои ќе се вклучат во првиот повик за поднесување проектни предлози во рамките на оваа програма.
Инфо-сесијата ја следеа претставници од повеќе институции, јавни претпријатија и граѓански организации од Пелагонискиот регион, а пред учесниците од страна на претставниците на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија беше презентиран водич за поднесување на проектни предлози.
- Повикот е отворен и ќе заврши на 1. ноември, а проектните предлози можат да се поднесуваат во три области, и тоа поттикнувањње на туризмот и културното и природното наследство, подобрување на конкурентноста, економијата, трговијата и инвестициите, заштита на животната средина, унапредување на приспособувањето на климатските промени и миграцијата, заштита и управување со ризик. На располагање се 3 милиони евра, а за секој проект единечно може да се добијат од 200 до 400 илјади евра, истакнаа организаторите на денешниот промотивен настан во Битола.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата