Македонија
8. April 2019 - 8:29

Во Битола филмска ревија „Недела на австралиски филм“

– Амбасадата на Австралија во соработка со НУ Центар за култура-Битола од денес до 12 април организираат филмска ревија „Недела на австралиски филм“.

Културниот настан за филмофилите од Битола ќе го отвори амбасадорката на Австралија Рут Стјуарт, а според програмата ревијата ќе почне во 19:30 часот со проекција на филмот, комедија „Црвениот пес“, кој освоил 11 награди и имал 15 номинации, меѓу кои и награда за најдобар филм на AACTA.

Амбасадорката Стјуарт во текот на денот во Битола ќе учествува и на промоција на проект за лица од ранливи категории кој се реализира под наслов „Учи, работи, биди продуктивен“, ќе го проследи настапот на „Анастасија центар со попречености“ и ќе ја поддржи изработката на слика со отпечаток на прст на платно.