Македонија
9. October 2015 - 9:45

Во Битола Фестивал на новиот германски филм

Националната установа Центар за култура-Битола во соработка со амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Македонија од денеска до 12 октомври го организираат 11. Фестивал на новиот германски филм.

Во фестивалската програма ќе биде прикажана разноликоста на германската кинематографија, филмови од времето на Шилер и Гете, па се до денешните предизвици на мултикултурното општество, се посочува во соопштението на НУ Центар за култура-Битола.

Бесплатните филмски проекции почнуваат вечер од 20 часот со филмот „Роден во болка“, а до 12 октомври во центарот за култура ќе бидат емитувани и „Лола на грашок“, „Феникс“, „Спасете го Рафи“, „Хакери“ и „300 збора германски“.