Македонија
14. October 2017 - 14:19

Во Битола до 13 часот гласале 31 од 64 евидентирани болни и изнемоштени лица

Општинската изборна комисија-Битола соопшти дека до 13 часот од 64 евидентирани болни и изнемоштени лица, согласно закон гласале 31 лице.

- Гласањето се одвива непречено. Граѓаните имаат можност да избираат од четири предложени кандидати за градоначалници и осум листи со кандидати за советници, потврди Зоран Насев, претседател на ОИК-Битола.

Утрово од 7 часот се гласа и до 19 часот ќе се гласа, и во Битолскиот затвор.