Македонија
17. October 2021 - 11:29

Во Битола до 11 часот гласале 13 проценти од вкупниот број избирачи

Општинската изборна комисија во Битола информира дека до 11 часот гласале 13 проценти од вкупниот број на избирачи во Единствениот избирачки список во кој се евидентирани 80.882 граѓани со право на глас.

Изборниот процес се реализира на 170 избирачки места во Општина Битола, потврди Игор Талевски, претседател на ОИК-Битола.

На Локалните избори во Битола евидентирани се шест кандидати за градоначалник и 14 листи со кандидати за членови на Советот на Општина Битола.