Балкан
12. November 2020 - 14:21

Во БиХ повеќе од 1.700 новозаразени, 49 починати

Нешто повеќе од 1.700 случаи на инфекција со коронавирус се потврдени во БиХ, а 49 заболени лица починале во изминатите 24 часа, објавија здравствените власти.

Од средата биле анализирани над пет илјади примероци, а инфекција била потврдена кај 1.120 лица од Федерацијата БиХ и кај 516 од Република Српска.

Други 92 заразени лица се од областа Брчко, каде починаа две лица. Во Федерацијата БиХ починаа 21 заразено лице, а во РС 26, од кои осум само во Бања Лука.

Поради големиот прилив на пациенти во клиничкиот центар во Бања Лука, од таму се принудени да прифатат помош од студенти по медицина. Околу шеесет од нив се пријавиле да волонтираат.

„Во моментов, секоја помош е добредојдена, имајќи предвид дека имаме повеќе од 450 ковид-пациенти кои лежат во УКЦ, повеќе од 50 пациенти на респоратори и околу 200 пациенти кои се на кислородна поддршка“, изјави пред новинарите Владо Џајиќ, директор на Клиничкиот центар.

Сараево е град со најголем број на новозаразени затоа што имало 130 нови случаи, а на второ место е Биелина во североисточниот дел на земјата со 101 новозаразен.

Од почетокот на епидемијата во март, повеќе од 68.000 луѓе се заразиле во земјата, а регистрирани се 1.750 смртни случаи.