Балкан
2. August 2020 - 12:55

Во БиХ од 829 тестирања дури 187 новозаразени со Ковид-19

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа направени се 829 тестови на коронавирус од кои 187 биле позитивни, а забележани се и четири смртни случаи.

Во Федерацијата од 398 тестирани 78 се позитивни, а во Република Српска од тестирани 431 позитивни се 109.

Во федерацијата досега се тестирани 87.950 примероци, а Ковид-19 потврден е кај 7.091 лица, оздравеа 3.595 пациенти, а починаа 164.

Досега во Република Српска потврдени се 5.020 случаи со корона вирус, а оздравеа 2.670 пациенти, додека 176 починаа.