Балкан
14. October 2020 - 16:32

Во БиХ 476 нови случаи на коронавирус, починати 11 лица

Во Босна и Херцеговина (БиХ) се забележана 476 новозаразени лица и 11 смртни случаи, што е најмногу од почетокот на епидемијата од коронавирус.

Во Федерацијата БиХ се регистрирани 335 позитивни на коронавирус и осум починати пациенти.

„Тестирани се 1.839 примероци, а новозаразените се од сите кантони, освен Посавскиот“, соопштија денеска од Заводот за јавно здравје.

Во Федерацијата БиХ се тестирани вкупно 175.570 примероци, а коронавирусот е потврден кај 20.588 лица.

Во Федерацијата БиХ излекуван е 16.591 пациент, а во изминатите 24 часа се оправиле 224 пациенти.

Моментално се активни 3.388 случаи на позитивни на коронавирус.

Претходно е соопштено дека во Република Српска се забележани 141 лице заразено од корона и три смртни случаи.