Балкан
3. November 2020 - 13:12

Во БиХ 1.455 новозаразени со коронавирус, 35 починати

Во Босна и Херцеговина во изминатите 24 часа се регистрирани 1.455 нови случаи на коронавирус, а 35 лица починаа.

Во изминатите 24 часа, 1.551 примерок беше пријавен во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ, од кои 809 беа позитивни за САРС-КоВ-2, пренесува порталот „Аваз“.

Во Република Српска, во последните 24 часа се пријавени 646 нови случаи на коронавирус.