Македонија
22. јуни 2016 - 11:00

Во Берово се гради паркинг и се уредува просторот зад социјалната зграда

Зад социјалната зграда во Берово се гради паркинг и партерно се уредува просторот, при што ќе бидат зачувани зелените површини околу зградата. Ќе се уреди просторот меѓу социјалната зграда на улицата „Моша Пијаде“, која е вселена пред неколку години и зградата на кејот на река Брегалница во Берово.

Општина Берово информира дека овој проект се реализира од буџетот на општината преку Програмата за улици и патишта за 2016 година, за што се издвоени 1.800,000 денари.

Овој период планирано е да се изградат уште неколку пешачки зони во општината, меѓу кои реконструкција на тротоарската површина на улицата „Маршал Тито“ на влезот во Берово во должина од околу 400 метри, поставување тротоарска површина на улицата „Маршал Тито“ во Смојмирово во должина од 150 метри, изградба на пристапна улица до селските гробишта во Русиново и доградба на улиците „Илинденска“ и „23 август“ во Берово, со вкупна должина од околу 250 метри.