Во Берово минус седум, во Скопје минус шест
Ведро и студено време преовладува утрово во Македонија. Најстудено било во Берово каде се измерени минус седум степени.
Во Скопје се измерени минус шест степени, минус пет во Тетово, Демир Капија и во Битола, минус четири во Куманово и во Струмица, минус три во Лазарополе, Прилеп, Штип и во Дебар, минус два во Гевгелија и во Претор, минус еден во Охрид, нула во Пожаране и во Виница. Над нулата утрово било во Ѓуриште со два степена, Куршево со три, и Маврово, Крива Паланка и Дројан со четири степени.
Врнежи во последните 24 часа не се регистрирани.
Времето во текот на денот ќе биде претежно сончево, утрото студено со услови за слаба магла во одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Највисоката температура ќе се движи од 10 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде претежно сончево, а утрото студено со слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневната температура ќе достигне до 10 степени.
Утре облачноста ќе се зголемува и ќе дува засилен јужен ветер. Попладне во западните делови ќе започнат врнежи од дожд. Кон крајот на денот и ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава, а на повисоките места и на планините ќе врне снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде се очекува да наврнат над 25л/м2. Во недела претпладне во западните и во северните делови ќе има повремени слаби врнежи од снег, а границата на снежните врнежи се очекува да се спушти и до 500 м.н.в. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а помала снежна покривка може да се формира и на некои повисоки места. Во почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен јужен ветер.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та