Свет
18. November 2017 - 21:38

Во Берлин протест против САД и Северна Кореја

Стотици демонстранти денеска направија човечки синџир во центарот на Берлин, меѓу амбасадите на САД и Северна Кореја, и држејќи се за раце протестираа против зголемената затегнатост и острата реторика меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.

Демонстрантите удирале во буриња обоени за да наликуваат на контејнери за нуклеарен отпад, носеле транспаренти на кои пишувало „склучувајте мир, а не водете војна“ и позирале пред лажни нуклеарни ракети со маски со ликовите на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокрејскиот лидер Ким Џонг Ун.