Балкан
24. јуни 2019 - 8:57

Во Белград за два часа наврнал дожд повеќе отколку за цел месец

Во делови од Белград вчера за помалку од два часа наврна количина дожд колку за цел месец.

Според податоци на Хидрометеоролошкиот завод, во Борча вчера наврнале околу 100 литри дожд на квадратен метар, додека просечната количина врз основа на 100-годишната низа за јуни е 85 литри, изјави за Танјуг Невена Живановиќ од РХМЗ.

Во центарот на градот наврнало околу 30 литри на кавдратен метар додека во други делови – од 50-60 литри дожд.