Во Белгија почина 12-годишно девојче од коронавирусот
Здравствените власти на Белгија соопштија дека во последните 24 часа починале уште 98 лица од коронавирусот, меѓу нив и 12-годишно девојче, јави дописничката на МИА од Брисел.
-Ова е емоционално тежок миг затоа што во прашање е дете, ова е трогателно за медицинската и научната заедница, нашите мисли се со семејството и блиските, ова е многу ретко нешто и многу сме растревожени, изјави портпаролот на кризниот штаб за коронавирусот, Емануел Андре.
Вкупно од почетокот на кризата во Белгија починале 705 лица од овој вирус, а 94 лица се префрлени на интензивна нега во последните 24 часа, вкупниот број на тешко болни сега изнесува 1.021 лица.
Опсервациите на властите укажуваат дека интензитетот на епидемијата во Белгија се намалува, но тие предупредуваат дека тоа не значи дека пикот на епидемијата е постигнат.
-Не сме на пикот, но сме на момент на инфлексија на кривата, тоа меѓутоа не значи дека кривата не може повторно да тргне нагоре доколку ги опуштиме нашите напори, предупреди Андре.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората