Свет
5. July 2017 - 14:13

Во Барселона уапсени 14 членови на Камора

Шпанската полиција уапси 14 лица во Барселона, во рамките на операцијата против организираната криминална група Камора.

Како што соопшти шпанското Државно обвинителство, акцијата е спроведена во координација со германската и италијанската полиција и Европол. Станува збор за мафијашка група која се занимава со трговија со дрога и перење пари.

Според шпанската полиција, во акцијата во Барселона се уапсени десетмина Италијанци, Чилеанец, Колумбиец, Шпанец и еден државјанин на Венецуела.