Фудбал
22. јуни 2020 - 15:54

Во Бања Лука уапсен Огњен Врањеш

Според информациите од бањалучката полиција фудбалерот Огњен Врањеш кој во јавноста го сврте вниманието по аферата со српската пејачка Јелена Карлеуша и неговиот брат Стојан се уапсени поради физички напад на извесен Душан Комљеновиќ. Во нападот учествувало уште едно лице  и сите заедно по пријава на оштетените биле приведени полицијата каде бил составен записник а обвинителството поднело кривична пријава за тешки телесни повреди по што обвинетите се пуштени на слобода. Огњен Врањеш инаку настапува во грчки АЕК и е репрезентативец на БиХ.