Во Бангладеш прогласена дводневна жалост
Премиерот на Бангладеш Шеик Хасина прогласи дводневна жалост во врска со крвавиот напад во главниот град Дака.
Во телевизиското обраќање, таа рече дека државата решително ќе се бори со терористичката закана.
Синоќа група терористи нападнаа, популарен меѓу странските туристи, ресторан во Дака. Според последните податоци во нападот загина вкупно 28 лица - 20 заложници, двајца полицајци и шестмина напаѓачи. Повредени се најмалку 40 лица.
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група Исламска држава.
Италијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека се идентификувани телата на девет Италијанци убиени во нападот.
Јапонија соопшти за седум убиени нејзини граѓани - пет мажи и две жени.
Индиското МНР соопшти за едно убиено индиско девојче.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците