Свет
13. August 2019 - 20:12

Во Бангладеш од денга грозница починале најмалку 40 лица

Повеќе од 44.000 лица во Бангладеш годинава се инфицирани од денга грозница, а само за еден ден, вчера, имало 2.100 новозаразени лица, јавија светските агенции.

Денга грозницата ја пренесуваат комарци и не може да се пренесе од човек на човек.

Властите во оваа азиска држава наведуваат дека во епидемијата досега починале најмалку 40 лица и дека болниците се преполни со инфицирани. Локалните медиуми, сепак, наведуваат дека досега од ова агрозница починале најмалку 100 лица.

Оваа смртоносна грозница секоја година се јавува во Бангладеш во текот на сезоната на монсунски дождови, што трае до јуни до септември.

Оваа година во земјата е регистрирана една од најлошите епидемии, пренесуваат светските агенции.