Свет
21. May 2016 - 13:22

Во Бангладеш евакуирани два милиони луѓе поради циклон

Властите во Бангладеш поради циклонот што надоаѓа евакуираа речиси два милиони луѓе од крајбрежните подрачја, соопштија официјални претставници.

Соопштено е дека неговото надоаѓање се очекува вечерва, а во состојба на готовност се соседните држави Индија и Мјанмар.

Оваа седмица циклонот ја погоди Шри Ланка, предизвикувајќи лизгања на земјиштето во кое загинаа 150 луѓе, додека половина милион мораа да ги напуштат домовите.