Македонија
21. April 2018 - 8:28

Во Бабино ќе биде одбележан Светскиот ден на книгата

Светскиот ден на книгата и авторското право денеска ќе биде одбележан во демирхисарското село Бабино, во организација на библиотеката „Ал-Би“.

Годишаното одбележување на денот на книгата се совпаѓа и со Европската година на културното наследство, а Демир Хисар е прогласен за град на културата за 2018. 

Во програмскиот концепт на манифестацијата предвиден е долг уметнички маратон од поезија, промоција на книги, работилница, музички настап, квиз натпревар, филм и други форми на дифузија на културата.