-->
-->
Во автомобил во Загреб измерени 81 Целзиусов степен
-->
Во автомобил паркиран на сонце во Загреб, биле измерени 81 Целзиусов степен, соопштија од автоклубот „Максимир“. Тие најавија предлози за превентивни мерки, како што се вградување термометар за тревога во случај на прекумерни температури во возилото.
Рекордните 81 степен биле измерени во понеделникот, што е за седум повеќе од 25 јули, кога беа забележани 74 Целзиусови степени. Поради сѐ почестите и подолгите топлотни удари и промената на климатските услови, ќе бидат предложени неколку мерки за заштита следната година.
– Ќе иницираме изработка на термометри, коишто со звучен и светлосен сигнал ќе предупредуваат на прекумерното покачување на температурата во автомобилите, тракторите, камионите и градежните машини, се вели во соопштението.
Тие најавија и анализа за можните неповолни последици од високите температури врз самото возило, како и утврдување на тоа – кои течности и материјали се потенцијална опасност поради испарување, експлозија или запалување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација