Македонија
13. February 2019 - 22:39

Во автобуската несреќа загина син на пратеник од СДСМ

Јовица Трпевски, син на пратеникот од СДСМ Благојче Трпевски е еден од загинатите во трагичната автобуска несреќа кај Карпалак.

Засега официјалните информации за исходот од немилиот настан е дека 13 лица се загинати, а осуммина се борат за живот. Телата на седум починати се пренесени во судска медицина каде ќе биде извршена обдукција.

Автобусот на „Дурмо Турс“ кој се движел од Скопје кон Гостивар околу 17 часот излетал од автопатот кај Карпалак по што а лице место починале 7 лица.