Свет
30. November 2021 - 10:37

Во Австрија за две недели спроведени 386.000 контроли за ковид мерките

Од воведувањето карантин за невакцинираните, пред две недели, австриската полиција изврши околу 386.000 контроли на епидемиолошките мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи на Австрија.

Спроведени се околу 242.000 контроли кај деловните субјекти, а околу 143.000 пати е контролирано напуштањето на домот.

Како резултат на овие контроли изречени се 3.700 пријави и парични казни за прекршување на ковид мерките.

Најмногу пријави и казни се изречени во провинцијата Долна Австрија – 501, потоа Виена – 474 и Тирол – 394.

Австриската Влада соопшти дека поради појавата на новиот сој на коронавирусот Омикрон ја пролонгира одлуката за повторно отворање на своите граници.