Свет
24. August 2015 - 8:50

Во Австрија се вклучуваат и полициски хеликоптери против трговија со луѓе

Министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл-Лајтнер нареди употреба на полициски хеликоптери во борбата против трговијата со луѓе.

Бројот на транспорт на илегалци е на високо ниво, и само во еден месец се случија десет тешки сообраќајки во кои се вмешани возила на шверцери со луѓе.

- За жал, фактите се дека бројот на транспорт на луѓе силно расте. Само во јули полицијата уапсила 90 криминалци и 5.400 илегалци, наведува таа. Микл-Лајтнер нагласи дека 16 полициски хеликоптери ќе „ловат“ типични возила на трговци со луѓе, кои таа ги нарече „мафија“. Во најава е и проширување на соработката со полицијата во Унгарија и во Италија. зш/08:35