Свет
20. March 2020 - 11:28

Во Австрија формиран „дигитален кризен штаб“ против лажни вести за Ковид-19

Во австриската Влада формиран е „дигитален кризен штаб“, чија задача е да ги пронаѓа и поправа лажните вести поврзани со новиот коронавирус.

Кога ќе се утврдат лажни информации владиниот тим веднаш реагира и објавува факти.

Планирано е да се воспостави мрежа која ќе ги открива лажните информации за Ковид-19, а во неа покрај владиниот тим ќе бидат вклучени и претставници на медиумите.

– Свесното објавување на лажни вести не ја отежнуваат работата само на министерствата и на јавните институции, туку шират несигурност и страв помеѓу граѓаните, се наведува во образложението за формирањето на „дигиталниот кризен штаб“.

Австриската Влада и на меѓународно ниво учествува во системот за брзо алармирање против дезинформациите.