Свет
24. August 2020 - 17:32

Во Австрија 242 новозаразени со Ковид-19, расте бројот на хоспитализирани

Во изминатите 24 часа во Австрија се регистрирани 242 нови случаи на зараза со коронавирусот од направени 6.219 тестови, со што бројот на нови пациенти останува висок, а а во исто време расте и бројот на хоспитализирани.

Како и претходните денови, Виена повторно е главниот фокус со 94 нови инфекции, пред Стирија со 36 нови случаи, и Долна Австрија со 29 и Горна Австрија со 20.

Откако до вчера бројот на хоспитализираните изнесуваше 116, денеска тој се искачи а 135 луѓе на болничко лекување.

Во исто време, бројот на пациенти на интензивна нега остана непроменет на 23.

Во во последните 24 часа почина едно лице, со што бројот на смртни случаи достигна 733.

Од почетокот на епидемијата во Австрија вкупно се заразени 25.402 лица.