Во Австралија затворен уште еден град поради ширењето на делта сојот
Австралија затвори уште еден град поради ширењето на делта сојот. Бризбејн стана четвртиот поголем град во кој е наредено тридневно затворање, откако претходните денови ограничувања беа воведени во Сиднеј, Перт и Дарвин. Земјата регистрираше 23 случаи на инфекција во претходните 24 часа а надлежните обвинуваат дека повратниците од странство го носат вирусот во земјата.
Анкетите покажуваат дека мал број од населението сака да се вакцинира, но и властите досега набавија многу мал број вакцини. Инаку Австралија ги собра сите пофалби на почетокот на пандемијата за начинот на кој се бори против коронавирусот и ја одржува економската состојба во нормални граници. Сепак, според аналитичарите, направена е грешка бидејќи не се размислувало долгорочно и не се обезбедени доволно дози вакцини за да спречи повторна појавува на пандемијата.
-
Александра Костовска
Сите содржини од овој новинар